
Политика за приватност
Последно ажурирање: 18.08.2026
Оваа Политика објаснува како Аспира Двелопмент Хуб ДООЕЛ Скопје – ASPIRA DEVELOPMENT HUB („ASPIRA“) ги собира, користи, чува и заштитува личните податоци.
1. Контролор на личните податоци
Аспира Двелопмент Хуб ДООЕЛ Скопје
ул. Даме Груев бр. 16, Скопје
www.aspiradh.com
privacy@aspiradh.com
Тел.: 078 313 398
2. Кои податоци ги обработуваме?
Зависно од услугата, можеме да обработуваме:
-
име, презиме, адреса, телефон и е-пошта;
-
податоци за корисничка сметка;
-
податоци за договорната страна, родител или старател;
-
избран курс, ниво, група, наставник и распоред;
-
присуство, резултати, задачи и сертификати;
-
податоци за плаќање, фактури и трансакции;
-
податоци и документи доставени за преведувачки, консултантски или други експертски услуги;
-
комуникација со ASPIRA;
-
IP адреса, уред, прелистувач и други технички податоци;
-
податоци добиени преку cookies, аналитички и рекламни технологии;
-
видео, аудио, име на профил, chat и други информации што можат да бидат содржани во снимки од наставата.
Податоци од платежни картички, кога се користат, ги обработува платежниот провајдер согласно неговите правила и ASPIRA не ги чува целосните податоци од картичката.
3. Зошто ги обработуваме податоците?
Податоците ги обработуваме за:
-
креирање и управување со корисничка сметка;
-
пријавување, упис и реализација на курсеви и други програми;
-
организација на групи, распоред и настава;
-
комуникација со Учесниците и договорните страни;
-
следење на присуство, напредок и издавање сертификати;
-
плаќање, фактурирање и сметководство;
-
реализација на преведувачки, консултантски и други услуги;
-
корисничка и техничка поддршка;
-
безбедност и правилно функционирање на веб-страницата;
-
анализа и подобрување на услугите;
-
исполнување законски обврски и заштита на правата на ASPIRA.
Правната основа зависи од конкретната обработка и може да биде извршување договор, законска обврска, легитимен интерес или согласност.
Согласност бараме само кога таа е соодветната правна основа. АЗЛП потврдува дека согласност не е потребна за секоја обработка ако постои друг законски основ.
4. Снимање на часовите
Часовите и другите образовни сесии можат да се снимаат.
Запишаните Учесници имаат пристап до снимките од својот курс додека трае курсот, согласно достапните функционалности.
Снимките можат да содржат лик, глас, корисничко име, chat-пораки и други информации за Учесниците.
ASPIRA може да ги користи снимките за:
-
обезбедување пристап до пропуштена или повторна настава;
-
подобрување и анализа на квалитетот на наставата;
-
развој на наставни методи и материјали;
-
подготовка на нови видео-лекции;
-
e-learning програми;
-
други сопствени образовни содржини.
При понатамошна употреба за нови образовни материјали, идентитетот на Учесниците ќе биде заштитен.
Лице, име, профил, контакт-податоци, препознатлив глас и други информации преку кои Учесникот може да се идентификува ќе бидат отстранети, изменети или заменети.
Ако ASPIRA сака да користи материјал во кој конкретен Учесник останува препознатлив, ќе обезбеди посебна согласност или друга соодветна правна основа кога тоа е потребно.
Кај малолетни лица се применува дополнителна заштита и, кога е потребна согласност, таа се обезбедува од родител, старател или друго лице согласно применливото законодавство.
5. Малолетни лица
ASPIRA обезбедува и услуги за деца.
За малолетен Учесник можеме да обработуваме:
-
податоци за детето;
-
податоци за курсот и присуството;
-
резултати и напредок;
-
податоци за родителот или старателот;
-
информации потребни за договорот, комуникацијата и плаќањето.
Податоците за деца ги обработуваме само во обем потребен за обезбедување на услугата и со посебно внимание на нивната приватност.
6. Маркетинг
ASPIRA може да испраќа информации за курсеви, понуди, настани и други услуги само кога постои потребната изрична согласност.
Согласноста за маркетинг е одвоена од уписот и не е услов за користење на услугите.
Може да ја повлечете во секое време.
АЗЛП наведува дека обработката на лични податоци за директен маркетинг е дозволена врз основа на изрична согласност.
7. Cookies, аналитика и рекламирање
Нашата веб-страница користи неопходни cookies и, со соодветна согласност, може да користи:
-
Google Analytics
-
Google Ads
-
Meta / Facebook / Instagram
-
други слични аналитички или рекламни технологии.
Подетални информации се наведени во Политиката за колачиња.
8. Со кого ги споделуваме податоците?
Податоците можат да бидат достапни само кога е потребно на:
-
вработени и администратори;
-
наставници и предавачи;
-
преведувачи, консултанти и други соработници;
-
Wix и IT/cloud даватели;
-
Microsoft Teams и други платформи за настава;
-
банки и платежни провајдери;
-
сметководствени услуги;
-
Google, Meta и други активирани аналитички или рекламни даватели;
-
надлежни органи кога тоа е законски потребно.
ASPIRA не ги продава личните податоци.
9. Меѓународен пренос
Податоците ги чуваме само онолку долго колку што е потребно за:
-
обезбедување на услугата;
-
исполнување договорни и законски обврски;
-
сметководство;
-
решавање спорови и заштита на права.
Снимките им се достапни на Учесниците додека трае курсот.
ASPIRA може да ги задржи оригиналните снимки подолго кога тоа е потребно за обработка, развој на наставни материјали, заштита на права или друга законска цел.
Кога материјалот е преработен така што Учесниците повеќе не можат да бидат идентификувани, ASPIRA може да го користи како сопствен образовен материјал и по завршување на курсот.
Маркетинг податоците се користат до повлекување на согласноста, освен минимална евиденција потребна за почитување на одјавата.
10. Колку долго ги чуваме податоците?
Податоците ги чуваме само онолку долго колку што е потребно за:
-
обезбедување на услугата;
-
исполнување договорни и законски обврски;
-
сметководство;
-
решавање спорови и заштита на права.
Снимките им се достапни на Учесниците додека трае курсот.
ASPIRA може да ги задржи оригиналните снимки подолго кога тоа е потребно за обработка, развој на наставни материјали, заштита на права или друга законска цел.
Кога материјалот е преработен така што Учесниците повеќе не можат да бидат идентификувани, ASPIRA може да го користи како сопствен образовен материјал и по завршување на курсот.
Маркетинг податоците се користат до повлекување на согласноста, освен минимална евиденција потребна за почитување на одјавата.
11. Вашите права
Согласно применливото законодавство можете да побарате:
-
пристап до вашите лични податоци;
-
исправка;
-
бришење, кога постојат услови;
-
ограничување на обработката;
-
преносливост, кога е применливо;
-
приговор на одредена обработка;
-
повлекување на согласноста.
Правото на бришење не е апсолутно и одредени податоци можат да бидат задржани кога постои законска или друга дозволена основа.
Можете и да поднесете претставка до надлежниот орган за заштита на личните податоци.
12. Безбедност
ASPIRA применува соодветни технички и организациски мерки, вклучително:
-
контролиран пристап;
-
лозинки и автентикација;
-
HTTPS и други безбедносни технологии;
-
ограничување на пристапот само на лица на кои им е потребен;
-
минимизирање на податоците;
-
мерки за заштита на снимките и документите.
13. Промени на Политиката
Политиката може да биде ажурирана поради промени во услугите, технологијата или законските барања.
Актуелната верзија и датумот на последното ажурирање ќе бидат објавени на веб-страницата.
14. Контакт
За прашања или барања поврзани со личните податоци:
Аспира Двелопмент Хуб ДООЕЛ Скопје
ул. Даме Груев бр. 16, Скопје
Е-пошта: privacy@aspiradh.com
Телефон: 078 313 398
